Клубот на македонскиот репрезентативец и официјално е првиот елиминиран од ЛШ! (Фото)

Откако се одиграа половина од натпреварите од шестото коло на групната фаза на Лигата на шампионите, една дилема е решена. Првиот клуб кој и официјално испадна е претставникот на Германија, Лајпциг, кој веќе нема ниту теоретски шанси да мине во разигрувањето.

Екипата за која настапува македонскиот репрезентативец Елиф Елмас ги загуби сите шест натпревари, а во среда може да добие друштво во екипите на Слован Братислава и Јанг бојс, но и Болоња.

Реал Мадрид и покрај победата, се искачи само до 18-тата позиција, а по комплетирањето на колото може да падне неколку позиции на табелата.

Во водство е Ливерпул, кој е единствената максимална екипа со шест победи од шест натпревари и единствена со ваков ефект ќе презими во новиот формат на Лигата на шампионите. Сепак, и покрај шесте победи, Ливерпул сè уште не е теоретски пласиран во топ-8 екипите, а пласманот може да го прослави веќе во среда навечер, зависно од резултатите на останатите натпревари.

Изненадувачки висок пласман имаат Брест и Астон вила, кои речиси сигурно ќе ги гледаме и во разигрувањето, но пласманот ќе треба да го потврдат дури во февруари следната година.

- Оглас -

Најнови вести