Фенербахче и Атлетик Билбао го отвораат новото коло од Лигата на Европа, а тренерот на турскиот клуб, Жозе Мурињо, пред мечот сакаше да зборува за најдобриот фудбалер на гостите, Нико Вилијамс.
Фудбалерот на Баскијцит беше цел на Барселона и многу блиску до преселба во Каталонија, но тој трансфер не се реализира. Португалецот има совет за него и посакува да го види во дресот на Реал Мадрид.
„На Европското првенство сите викаа Јамал, Јамал, Јамал… Тој е одлично момче, но мене поголем впечаток ми остави Нико. Се надевам дека на крајот ќе го облече белиот дрес бидејќи во Шпанија навивам за Реал Мадрид“, рече Мурињо.