Тренерот на Црвена ѕвезда, Владан Милојевиќ, беше многу лут по поразот од Милан и ја критикуваше работата на судијата на сметка на неговиот тим, откако судијата Хил Манзано донесе контроверзна одлука во ситуацијата во која беше постигнат победничкиот гол на Росонерите со недосуден прекршок врз дефанзивецот на Ѕвезда, Спајиќ.
„Јас сум тренер. Јас сум спортист. Поразени сме, тоа не е проблем, примав пет, седум и 10 гола, но немојте вака. Ова е срамота, нека си направат затворена лига. Разочаран сум од судиските одлуки, немам зборови. Можеби сме мала земја, но горди сме. Ни бешпе одземено правото да оствариме добар резултат“ изјави Милојевиќ.
Тој потоа продолжи со критиките.
„Денеска беше срамота за ЛШ. Ако вака треба да победува клуб како Милан, тоа е грдо за фудбалот. На навивачите им забранија да патуваат во Италија. Како да сме му камче во чевлите на некого. Сите треба да се гордеат, Србија и сите. Мали сме, но горда земја сме и тоа одамна го кажав. Уште повеќе ми се допаѓа што сме толку мали и горди“, додаде тренерот на Црвена ѕвезда.
Da li je #fkcz oštećena protiv Milana? pic.twitter.com/GSQ8bdJFiB
— Jaime (@abubekir_oumaru) December 11, 2024