Голем број италијански медиуми пренесуваат информација дека спортскиот директор на Милан, Антонио Д’Отавио, си поднел оставка, но и дека веќе спогодбено го раскинал договорот со клубот. Како причина за оставка се наведуваат несогласувањата со Златан Ибрахимовиќ, кој ја има улогата на советник во Милан, функција која и не е до крај дефинирана, но легендарниот фудбалер многупати изјавуваше дека тој е шеф во клубот и сите му одговараат нему.
Д’Отавио во Милан е од 2017 година, најправо како скаут, а потоа и како спортски директор, додека Ибрахимовиќ на позицијата советник дојде минатата година, откако се пензионира од активно играње фудбал.
Во моментов сè уште нема официјална потврда од клубот за раскинот на договорот со спортскиот директор.