Флик и Мареска ја подготвуваат размената на годината: Двајца фудбалери на Барселона се селат во Лондон?!

Раководствата на Барселона и Челзи ја подготуваат размената на годината, според која двајца фудбалери на Каталонците ќе се преселат во Лондон, а ѕвездата на „сините“ ќе пристигне во Каталонија.

Ханси Флик сака во својот состав да го види Енцо Фернандес, фудбалерот кој пред две години беше купен од Челзи за 107 милиони евра, а во спротивен правец да ги испрати Френки де Јонг и Феран Торес. Двајцата фудбалери заедно беа платени 115 милиони евра, иако и нивната вредност, но и онаа на Фернандес, се помали отколку што беа купени.

Целта на оваа размена е да се избегне плаќањето на обесштетување поради финансиските проблеми во кои се наоѓа Барселона. Раководствата и тренерите се подготвени на ваква размена, но останува уште да прифатат фудбалерите и да ги договорат личните услови со новите клубови.

- Оглас -

Најнови вести