Сандро Тонали летото 2023 година како голема ѕвезда пристигна во Њукасл од Милан за речиси 60 милиони евра. Сепак, наскоро беше откриено дека фудбалерот нелегално се обложувал и беше во центарот на голем скандал, по кој беше суспендиран.
На крајот од август годинава, тој се врати на фудбалските терени, почна да игра за Њукасл, а се врати и во репрезентацијата на Италија, но сега сака да си оди од Англија. Тонали не е задоволен во Њукасл иако игра стандардно, а неговата желба е повторно да го облече дресот на Милан.
И „црвено-црните“ од Милано немаат ништо против повторно да го ангажираат 24-годишниот фудбалер, но проблем може да претставува фактот што тој има договор со Њукасл до 2028 година, а во моментов неговата вредност е 38 милиони евра.
Њукасл сигурно нема да сака да има загуба од 20-тина милиони евра, а Милан најверојатно во моментов не е подготвен да плати ни близу до сумата за која го продаде.