Со четири гола на последните три меча, Феран Торес им се приклучи на Роберт Левандовски, Рафиња и Ламин Јамал како опасни напаѓачки оружја на Барселона.
Синоќа Торес блескаше во Дортмунд и испиша историја како прв резервист во историјата на Барса кој влегол во игра на меч од ЛШ по 70-та минута, а дал два гола.
За Феран нема место во стартниот состав, прва „деветка“ на тренерот Ханси Флик е Роберт Левандовски, кој сезонава е феноменален и засега тоа тешко дека ќе се смени колку и да е Шпанецот во форма.
Она што ги воодушевува фановите на Каталонците е што Торес, кој има договор до 2027 година, трпеливо чека шанса, не се буни и одбива да ја напушти Барселона за да премине на друго место каде што би играл повеќе и за поголема плата. Тој е таму каде што сака да биде. Го прифати предизвикот да се бори за својата позиција.