Дербито меѓу Евертон и Ливерпул, кое беше одложено поради бурата „Дара“, доби нов датум и ќе се игра на 11 февруари 2025 година, објавија медиумите на Островот.
Натпреварот првично требаше да се одржи на 7 декември, но силното невреме што го погоди Ливерпул и околината го направи одржувањето на дуелот невозможно, што доведе до одложување.
Според информациите, ова би можело да биде последниот натпревар меѓу двата градски ривали што ќе се одигра на „Гудисон парк“, пред Евертон да се пресели на новиот стадион.
Новиот датум се совпаѓа со плејофите во Лигата на шампионите, но Ливерпул веќе обезбеди директен пласман во осминафиналето, што значи дека нема обврски во таа фаза и е слободен за одигрување на дербито.
Сега останува УЕФА да го одобри натпреварот бидејќи правилата генерално не дозволуваат домашни лиги да организираат натпревари во ист ден со натпреварите на УЕФА. Сепак, со оглед на преполнетиот календар на Ливерпул, не се очекуваат големи пречки од страна на европската фудбалска организација.