Премиер лигата ја одобри зделката за купување на Евертон

Компанијата „Фридкин груп“ доби одобрение од Премиер лигата за договорот за преземање на фудбалскиот клуб Евертон, објавија медиумите во Англија. Американците договорија купување на 94,1% од акциите на сегашниот сопственик Фарахд Мошири уште во септември, по што беа подложени на регулаторниот процес.


Откако го добија одобрението од Премиер лигата, се очекува финализација на договорот следната недела.

„Фридкин Груп“, која исто така е сопственик на Рома, е предводена од американскиот милијардер Дан Фридкин, чие богатство се проценува на околу 6,1 милијарда долари.

Американците беа блиску до преземање на Евертон уште во јули, кога понудија 800 милиони фунти за мнозинскиот пакет акции, но тогаш договорот пропадна поради долговите на Карамелите кон инвестициската фирма „777 Партнерс“, која претходно беше кандидат за купување на клубот.

Преговорите беа обновени во септември, по што двете страни брзо постигнаа договор.

 

- Оглас -

Најнови вести