Можеби има нешто и до датумот, на 12.12.2024, а многу повеќе до умеењето и до среќата. Струмичанец уплати тикет со 20 денари, погоди 13 натпревари на голови (3+) и направи квота 4315. Заслужено си зеде добивка од околу 1.500 евра, а засега е водечки и во трката за Среќна 13-ка, која може да му донесе и дополнителни 120.000 денари.
И не е единствен кој вчера имаше фантастичен тикет и голема добивка. Во Дебар е забележана уплата од 100 денари и добивка од фантастични 5.000 евра. Исто така, многу едноставно, сите натпревари се одиграни 3+.
Во Куманово, малку поразлични игри, но и погодени поголеми коефициенти, па со уплата од 300 денари, добивката исто така е околу 5.000 евра.