Реал Мадрид во сабота му гостува на Рајо Ваљекано во меч од Ла Лига, а Карло Анчелоти веќе го објави списокот со фудбалери кои ќе конкурираат за настап. „Кралевите“ оваа сезона мака мачат со повредените фудбалери, но за гостувањето кај соседот ќе има една грижа помалку.
После 20-тина дена на терените се враќа Едуардо Камавинга, фудбалерот кој се повреди кон крајот на минатиот месец. Францускиот интернационалец не беше во комбинација за натпреварите против Хетафе, Атлетик Билбао и Жирона од шпанското првенство, како и против Аталанта во Лигата на шампионите.
Фудбалерот од средниот ред оваа сезона беше дел од само пет првенствени натпревари на Реал Мадрид, на кои има биланс од само една асистенција.