Репрезентативниот голман на Македонија, Столе Димитриевски, имаше неуспешно деби во шпанската Ла Лига за Валенсија, откако неговата екипа загуби со 1-0 од Ваљадолид.
До пред мечот „фенерот“ во Ла Лига го имаше Ваљадолид, кој со оваа победа му го препушти последното место на нивниот денешен противник, иако Валенсија има два натпревари помалку од нив кои допрва треба да ги одигра.
Валенсија доминираше и според поседот на топката и според ударите кон противнички гол, а Столе Димитриевски прими гол од единствениот шут кон неговиот гол кој го упатија фудбалерите на Ваљадолид.
Единствениот гол на мечот беше дело на мароканскиот интернационалец Ануар во 20-тата минута. Ваљадолид во 77-мата минута остана со играч помалку, но и тоа не им помогна премногу на гостите, кои го забележаа третиот пораз во низа.