Гвардиола знае кој би можел да го замени Родри во Манчестер сити

Манчестер сити е во потрага по соодветна замена за Родри, кој поради повреда е надвор од терените до крајот на сезоната, а менаџерот Пеп Гвардиола гледа потенцијално решение во Бруно Гимараеш од Њукасл.

Според медиумите од Островот, бразилскиот играч за врска е заинтересиран за трансфер кај актуелниот англиски шампион, што би можело да се случи уште во зимскиот трансфер период.

Бруно Гимараеш е еден од најдобрите играчи во Премиер лигата, а Гвардиола одамна го следи неговиот развој и ја изразува својата почит кон неговите способности. Со оглед на важноста на позицијата која Родри ја покрива и сегашниот пад на формата на Сити, ангажманот на играч од калибарот на Гимараеш би бил клучен за Граѓаните оваа сезона.

Откупната клаузула на Бруно Гимараеш, која изнесува 120 милиони евра, не се смета за преголема пречка за Манчестер сити, кој е познат по својата агресивна трансферна политика.

Сепак, конкуренцијата може да биде проблем, бидејќи и Реал Мадрид го разгледува Бруно како потенцијална замена за Лука Модриќ, кој е во завршна фаза на својата кариера.

- Оглас -

Најнови вести