Каква драма: Јувентус водеше дома, па со гол од пенал во 94 минута се спаси од пораз (Видео)

Јувентус изненадувачки одигра само нерешено 2:2 на свој терен во Торино против Венеција, во меч од 16. коло во Серија А. Овој резултат делува неверојатно ако се знае дека Венеција на овој меч дојде како последнопласиран тим во Серија А, со само 10 освоени бодови.

Фаворизираниот Јувентус добро го почна мечот и поведе со голот на Гати во 19 минута, а тоа беше и единствениот погодок во првиот дел. Старата дама доминираше и во второто полиувреме, но Венеција покажа дека и во една таква ситуација може да изненади.

Гостите израмнија на 1:1 со голот на Елертсон во 61 минута и тој погодок може да го видите ТУКА.

Фудбалерите на Јувентус уште не беа освестени од шокот по првиот примен гол, следуваше и втор погодок. Репрезентативецот на Индонезија Џеј Идзез со глава донесе голема радост за гостите во 83 минута кога погоди за 1:2 за Венеција. Тој гол може да го видите ТУКА. 

Јувентус од пораз се спаси благодарение на голот на Душан Влаховиќ од пенал во 94 минута. За Старата дама ова е 20 реми во 2024 година во која има и 13 победи и само четири порази.

- Оглас -

Најнови вести