Екипата на Оклахома сити тандерс се пласираше во финалето на овогодинешниот НБА Куп, откако со убедливи 111:96 во полуфиналето го победи тимот на Хјустон рокетс. Во победничкиот тим најпрецизен беше Шаи Гелгиус-Александер со 32 поени, додека Исах хартенстејн додаде 21 поени. Кај Хјустон најпрецизен беше Амен Томпсон со 19 поени.
Оклахома моментално е водечки тим на Западната конференција, а во финалето на Купот ќе игра против Милвоки бакс, кој е во променлива форма и моментално е на шестото место на Истокок.
Милвоки во финалето на Купот се пласираа, откако во полуфиналниот дуел беа подобри од Атланта со 110:102. Предводник кај Бакси беше Адетокумбо со 32 поени, а Лилард додаде 25 поени.
Кај Атланта најпрецизен беше Тре Јанг со 35 поени. Финалето на Купот ќе се игра в среда во Лас Вегас. Ова е второ издание на Купот во НБА лигата, а минатогодишен освојувач беше тимот на Лос Анџелес лејкерс.
🏆 THE CHAMPIONSHIP IS SET 🏆
One game to decide who wins the NBA Cup!
The Bucks and Thunder will meet in the #EmiratesNBACup Championship on Tuesday (12/17) at 8:30pm/et on ABC! pic.twitter.com/YHlH5sNyQ3
— NBA (@NBA) December 15, 2024