Гвардиола ја откри вистината за гребаниците кои ги има: Веќе две-три години пијам лекови

Англискиот првак Манчестер сити е во најголемата резултатска криза откако за тренер е поставен Пеп Гвардиола во 2016 година. Граѓаните во последните 10 меча во сите натпреварувања имаат дури седум порази, две реми и само една победа. Денеска на свој терен играат против градскиот ривал Манчестер јунајтед.

Освен што треба да мисли како да ја подобри формата на своите играчи, Гвардиола пред дербито со Јунајтед објаснуваше зошто има толку многу гребаници на лицето и главата. Шпанскиот стратег откри дека се работи за болест со која се бори во последните две-три години.

„Веќе подолго време имам проблеми со кожата. Морам да пијам антихистаминци во последните две или три години. Точно е дека со ноктите си направив гребаница на носот, но останатот е до кожата“, откри Гвардиола.

Инаку, антихистамин е супстанца која предизвикува ослободување или дејство на биогениот амин хистамин во телото. Тие се користат во лекувањето на многу болести како што се алергиите.

- Оглас -

Најнови вести