Вардарци открија кој им бил главниот мотив за во второто полувреме да анулираат седум гола против Пелистер

Пелистер со 35:33 Вардар во дербито на 15 коло на ракометната Суперлига, но и покрај поразот гостите од Скопје може да бидат задоволни. Вардарци на полувремето губеа убедливо со 22:13, но во второто полувреме успеаа да стигнат и на само еден негатива, за на крајот сепак да загубат.

Преку официјалната фејсбук страница од Вардар порачаа дека еден од главните фактори што во второто полувреме успеаа да анулираат седум разлика на противникот е присуството на нивните најверни навивачи, популарните „Комити“.

Според праксата која важи во Македонија, кога има гостински навивачи, тие во салата пристигнуваат на полувремето, па така беше и сега. Комити во салата „Боро Чурлевски“ влегоа на полувремето кога Вардар губеше девет разлика и со новното бодрење и поддршка, гостинските ракометари на крајот стигнаа до пораз од само два гола.

„Секоја ваша песна значи мотив, секое присуство во сала – ветар во грб. Покажавте на дело како се сака клубот и со вашата поддршка секогаш се игра полесно. Заедно сме посилни, и тоа ќе го докажеме. Од секој меч извлекуваме поуки, но сме на добар пат. Ви благодариме што не следите секаде и неуморно и несебично ни давате сила.

Еден за сите – СИТЕ ЗА ВАРДАР ❤️🖤

- Оглас -

Најнови вести