Бобан Бабунски е нов тренер на Беса

Македонскиот прволигаш Беса го именуваше Бобан Бабунски за нов шеф на стручниот штаб. Тој го презема тимот во текот на зимската пауза и ќе има мисија да обезбеди опстанок во елитата.

„Со задоволство објавуваме дека постигнавме договор со познатиот тренер Бобан Бабунски. Веруваме дека ќе донесе позитивен дух и нова енергија во нашиот тим, помагајќи ни да ги оствариме нашите цели за новата сезона. Беса го пречекува тренерот Бабунски и му посакува успех со нашиот клуб“, изјавија од клубот.

Беса е дебитант во прволигашката конкуренција и првиот дел од сезоната го заврши на десеттата позиција со 13 бода, еден повеќе од последнопласираниот состав на Воска Спорт.

- Оглас -

Најнови вести