Манчестер сити претрпе шокантен пораз од градскиот ривал Манчестер јунајтед (1-2) во дербито кое се одигра викендов. Натпреварот, кој се чинеше дека ќе заврши со победа на Граѓаните, заврши со драматичен пресврт на Црвените ѓаволи во последните минути, оставајќи ги фудбалерите на Сити со нови прашања околу својата форма и иднина.
По натпреварот, менаџерот на Манчестер сити, Пеп Гвардиола, ја презеде одговорноста за ситуацијата во која се наоѓа неговиот тим. Тој истакна дека вината не лежи кај поединци, туку во целокупната екипа, вклучувајќи го и него како тренер.
„Не сум доволно добар во моментов. Не можам да ги пронајдам вистинските решенија, а тоа се рефлектира и на тимот“, изјави Гвардиола, додавајќи дека мора да најде одговор за кризата која го погодува тимот.
Со осум порази во последните единаесет натпревари, Манчестер сити е далеку од тимот кој доминираше во англискиот и европскиот фудбал. Тимот се соочува со предизвици и на офанзивен и на дефанзивен план, а недостигот на самодоверба се чини како најголемата пречка за враќање на победничката форма.