Вирц ќе потпише нов договор со Баер Леверкузен и ќе заработува 20 милиони евра по сезона

Баер Леверкузен ќе го продолжи договорот со својата најголема ѕвезда Флоријан Вирц, кој треба да истече во 2027 година, барем за уште една година. Со ова Вирц ќе стане најплатениот фудбалер во составот на германскиот клуб.


Според „Кикер“, 21-годишниот офанзивен играч за врска ќе биде првиот играч во историјата на Баер Леверкузен кој ќе добива годишна плата над 20 милиони евра.

Најсериозни кандидати за потписот на Вирц се сметаа Баерн Минхен, Реал Мадрид и Манчестер сити. Баерн Минхен го следи Германецот веќе подолг период и е подготвен да му понуди уште поголема плата, но засега изгледа дека Вирц ќе остане на „Бај арената“ барем уште една сезона.

Тој има постигнато 11 гола и пет асистенции во 24 натпревари оваа сезона.

 

- Оглас -

Најнови вести