Две топки на теренот и неверојатна сцена, постигнат бизарен гол (Видео)

Аз Алкмар славеше со 2:1 на гостувањето кај НАК Бреда во меч од холандското првенство, а дуелот го одбележа еден бизарен момент. Фудбалерите на Бреда поведоа во 12-тата минута, кога тргнаа во контранапад. Во тој момент на теренот имаше две топки, но тоа не им засмета на домашните фудбалери да постигнат гол и да поведат со 1:0.

Гостинските играчи протестираа, но судијата реши дека голот е регуларен. АЗ Алкмар не се откажа и со одлична игра во последните 15 минути од мечот постигна два гола и целосно го сврте резултатот во своја корист и гостите победија со 2:1.

Несекојдневниот гол може да го видите на почетокот од видеото.

 

- Оглас -

Најнови вести