Алина Загитова е 22-годишна спортистка која на Олимписките игри во Пјонгчанг освои златен медал. Пред пет години Загитова положила и добила возачка дозвола, но се покажува како слаб шофер.
Загитова досега има добиено 544 казни за разни сообраќајни прекршоци, а вкупната парична казна која ја платила е 4.500 евра. Русинката дури 401 пат била казнета поради брзо возење, 65 пати не ги почитувала сообраќајните знаци, 18 пати била непрописно паркирана, а 18 пати била казнета поради неправилно престројување и возење по автобуската лента. Петпати била казнета и поради поминување на црвено светло.
Само оваа година, Загитова добила 197 сообраќајни казни, но ниту еднаш досега не ѝ била одземена возачката дозвола во Русија. Таа дури и се снимала како вози „мерцедес“ и намерно поминува на црвено светло, а потоа се фали на социјалните мрежи.