Манчестер јунајтед со фантастична игра во финишот успеа да победи на гости кај градскиот ривал Манчестер сити. Црвените ѓаволи губеа со 1:0, но во 87-мата и во 91-вата минута дадоа голови за триумф од 2:1.
По мечот, големо беше задоволството кај сите фудбалери на Манчестер јунајтед, а Хари Мегваер верува дека за неговиот тим доаѓаат поубави денови.
„Почетокот на сезоната беше тежок за нас и не им дадовме многу можности на нашите навивачи да се радуваат, па затоа оваа победа е за нив. Одигравме одлично и секоја победа е важна за нас. Кога се игра за овој клуб, секогаш целта е да се победи. Претходно загубивме двапати и сега тука дојдовме за да победиме. Тоа беше многу важно за нашата самодоверба, но и верба дека со Рубен на чело одиме во вистинската насока. Верувам дека со него како тренер ни претстои едно позитивно патување“, рече Мегваер, кој беше еден од најдобрите на натпреварот.