Ќе „грми“ под кошевите во Сакраменто, мегадуел Сабонис против Јокиќ

Вечерва по полноќ во НБА лигата се играат шест натпревари, од кои најатрактивниот е во Сакраменто, каде што се среќаваат Кингс и Денвер нагетс затоа што ќе има голем центарски дуел на Домантас Сабонис и Никола Јокиќ.

Литванецот е кошаркар со најмногу дабл-дабл учиноци сезонава, редовно има над 10 поени и скокови, а Србинот е играч со најмногу трипл-дабли во оваа сезона, па и од него се очекува да блесне.

Двата тима имаат по 13 победи сезонава, но Кралевите имаат три порази повеќе. Сепак, тие се благи фаворити за победа затоа што се во форма, имаат четири победи на последните пет меча.

Мајами на гостувањето во Детроит оди по петтата победа по ред, а најголем фаворит е Кливленд, кој е најуспешен тим во лигата со скор 22-4 и би требало да триумфира против Бруклин, кој е на 10-15 од 25 одиграни мечеви.

Секако, во Sport Life може да се обложите и на индивидуалци, има 60-тина кошаркари за кои може да погодувате колку поени ќе постигнат и дали ќе ја надминат поставената граница.

- Оглас -

Најнови вести