Шпанскиот фудбалер Ламин Јамал кој вчера го доби пехарот за „Златно момче“ кое го доделува италијанскиот весник „Тутоспорт“ за најдобар млад фудбалер на светот, даде интервју во кое си постави високи цели пред себе за следните три и пол години.
„Пред да наполнам 21 година, мојата цел е да го освојам Светското првенство со Шпанија, Лигата на шампионите, и уште две титули во шпанската лига со Барса. Освојувањето на Златното момче е одлична почетна точка за еден млад фудбалер. Ако ја освојам Лигата на шампионите, ќе имам повеќе шанси за Златната топка. Ниту еден играч не добива индивидуални награди ако не освои ништо колективно со својот тим, така што со колективна победа ќе бидам поблиску до индивидуалните награди, бидејќи едното е врзано со другото“, изјави Јамал.