3031 Јувентус – Калјари (21 ч.)
Италијанскиот гигант Јувентус е апсолутен рекордер со 20 нерешени натпревари во 2024 година. Старата дама одигра осум пати реми во последните 11 средби, но овојпат на свој терен против Калјари е во улога на фаворит.
Ова е меч од осминафиналето на Купот на Италија, а Калјари е во зоната за испаѓање во Серија А. Интересно е дека и Калјари во 2024 година два пати ремизираше против Јувентус, но ако се видат последните 10 средби на овие два клуба, гигантот од Торино се радувал дури седум пати.
Предлог тип: 1&2-4 (2.11)
3594 Хамрун – Моста (18 ч.)
Хамрун е во одлична форма и има четири победи и едно реми во последните пет меча во првенството на Малта. За разлика од нив, Моста има три порази и едно реми во последните четири средби што ги играше.
Традицијата вели дека кога играат овие два тима, речиси без отстапка има минимум по два погодоци, а Хамрун има шест победи во последните осум дуели со овој ривал.
Предлог тип: 1-3 I & 1-3 II (1.75)
2843 Мастрих – Феенорд (21 ч.)
На девет од последните 10 дуели на овие два тима имало најмалку по три погодоци. Очекувано е дека феенорд имал осум победи, а два дуели завршиле нерешено. Мастрих е дури на 14 место во втората холандска лига, додека очекувано Феенорд е во горниот дел од табелата во елитното друштво во Холандија.
Со 40 дадени голови во 16 меча, Феенорд го има вториот најефиаксен напад, па сигурно може да се очекува вечерва да има многу погодоци.
Предлог тип: 2&4+ (1.89)
1572 Гленавон – Крусадерс (20:45 ч.)
Екипата на Гленавон е една од најслабите во првенството на Северна Ирска и има освоено само 16 бодови во 19 меча. На домашен терен има само една победа, но и пет нерешени, плус четири порази.
Крусадерс е тим кој игра офанзивно, отворено и без многу калкулации, па сигурно дека треба да се очекуваат погодоци во двете полувремиња.
Предлог тип: 1-2 I&3+ (2.70)
1311 Гранада – Картагена (19 ч.)
Домаќинот е голем фаворит и не затоа што тие се многу силни, туку затоа што за ривал имаат тим кој освои само 13 бодови во 19 меча и е голем претендент за испаѓање од втора лига во Шпанија.
Минатата сезона овие два тима во првенството одиграа многу неизвесни дуели. Гранада дома победи минимално со 1:0, а вториот дуел заврши 0:0.
Предлог тип: 1&0-3 (2.10)