Борнмут и Вест Хем одиграа 1-1 во интересен понеделнички дуел од англиската Премиер лига.
Гостите поведоа од пенал во 87-ма минута, стрелец беше Бразилецот Лукас Пакета, а три минути подоцна домашните израмнија со спектакуларен погодок на Енес Унал од слободен удар.
Борнмут е опасен домаќин, на свој терен сезонава победи гиганти како Манчестер сити, Арсенал, Тотенхем, но кога се дуелите со Вест Хем во прашање, немаат решение. Последната победа против Чеканите им беше во јануари 2019 година.
Погледнете го голот на Унал, вреди да се види:
Enes Ünal scores great freekick goal!
Bournemouth 1-1 West Hampic.twitter.com/biowy5Fxg1
— Goals Xtra (@GoalsXtra) December 16, 2024