Кошаркарскиот репрезентативец на Летонија, Јанис Тима, е пронајден мртов во Москва, соопштуваат тамошните медиуми. Некогашниот кошаркар на Олимпијакос е пронајден мртов во соба во еден московски хотел.
Според полицијата, Тима извршил самоубиство и во овој случај нема можност за кривично дело. Покрај неговото тело имало телефон на којшто пишувало порака „Јавете ѝ се на Ана“.
Се претпоставува дека Тима не можел да го преболи разводот од неговата сопруга и тоа било причина да изврши самоубиство.
RIP Janis Timma 🙏 pic.twitter.com/ZV0fWPsnq8
— Legion Hoops (@LegionHoops) December 17, 2024
Тима играше на крилната позиција, а освен во Олимпијакос, има настапувано и за екипите на Басконија, Химки, УНИКС, Зенит… За репрезентацијата на Летонија дебитираше во 2013 година, а летоска националниот дрес го носеше на квалификацискиот турнир за Олимписките игри во Париз. Имаше 32 години.