Интересна комбинација од пет натпревар носат вкупен коефициент од 56,93 ако се одиграат сите предлози во денешните Квоти на денот во Sport Life. Во женската Лига на шампиони, Реал Мадрид му е домаќин на Челзи и тука треба да има од еден до два гола во првото полувреме, а на крајот да бидат постигнати барем три погодоци за да биде добитна комбинацијата која се вреднува со 2.30.
Гранада ја пречекува Картагена во дуел на кој домаќините треба да дадат најмалку еден гол во првото полувреме, а на крајот да има најмалку два погодоци во мрежата на гостите. Оваа комбинација е со квота од 2.05.
Треба да има победник на дуелот меѓу Питерборо и Нортхемптон, а двете екипи треба да постигнат најмалку по еден погодок. Оваа комбинација е со квота од 2.30.
Во кошаркарската Евролига, Партизан му е домаќин на АСВЕЛ и Црно-белите треба да водат на полувреме и на крајот да победат. Партизан е фаворит, па затоа и оваа комбинација за „еден во еден“ е со 1.75 коефициент.
Јувентус треба да биде расположен за погодоци на дуелот против Калјари во Купот на Италија. Старата дама да даде барем два гола и гостите мора најмалку еднаш да се израдуваат на погодок за да биде добитна комбинацијата што носи квота дури од три.