Кошарката и хокејот го презедоа приматот од фудбалот

Како ретко кога, фудбалот не е доминантен во Супер тип понудата на денот. Од денеска од понудените 16 натпревари со зголемени коефициенти, дури шест се од кошарката, а пет се хокеј дуели. Останатите пет меча се од фудбалот.

На сите пет понудени хокеј пресметки, фаворитската улога ја имаат домаќините. ЦСКА Москва и Динамо Москва без многу проблеми треба да победат над Ред стар кунлон и Барис Астана. Во НХЛ, Каролина хурикејнс игра против Њујорк ајслајдерс, а „кецот“ е зголемен на 1.82.

Во кошарката доминираат пресметките од Евролигата. Монако е фаворит за победа над Баерн Минхен, а се очекува домашниот терен да го искористат и екипите на Панатинаикос, Барселона и Партизан. Единствено Жалгирис, кој ќе гостува во Берлин против АЛБА, е фаворит за „двојка“.

Од фудбалите, најголеми фаворити се Јувентус против Калјари и Гранада во дуелот против Картагена. Двата „кеца“ се со 1.44 коефициент.

- Оглас -

Најнови вести