Фудбалерот на Челзи наеднаш го снема, а сега се потврдени шокантни информации

Украинскиот репрезентативец Михајло Мудрик од почетокот на овој месец е изоставен од составот на Челзи. Се шпекулираше дека има проблеми со грипот, но сега се појавија неочекувани информации поврзани со Мудрик.

Украинецот кој последниот меч за Челзи го одигра на 10 ноември во дербито против Арсенал, ненадејно го снемало затоа што бил позитивен на допинг-тест направен на крајот од октомври.

Засега не се знае која недозволена супстанца ја користел Мудрик, но јасно е дека може да се очекува Украинецот да добие суспензија. Сега се чекаат резултатите од вториот тест на Мудрик, кој доколку повторно биде позитивен, ќе мора да се соочи со суспензија.

Пол Погба е последната голема фудбалска ѕвезда која беше суспендирана поради користење недозволени средства. Погба беше казнет на четири години, но подоцна суспензијата му беше преполовена на две години и се очекува Французинот само за неколку месеци повторно да се врати на теренот.

Мудрик сезонава одигра 15 меча за Челзи, во кои постигна три гола, а имаше и три асистенции.

- Оглас -

Најнови вести