Со игрите кои ги покажува Ламин Јамал, само потврдува зошто е најдобриот млад фудбалер во светот. На сите значајни церемонии на кои се прогласува најдобар млад играч, Јамал е победник. Така беше и во изборот на Тутоспорт, каде што младиот Шпанец го доби признанието „Златно момче“.
Актуелниот договор на Јамал истекува во јуни 2026 година и додека е малолетен, нема можност да потпише договор на повеќе од три години. Следното лето Јамал ќе наполни 18 години и ќе биде полнолетен, па според неговиот менаџер Жорж Мендеш, тинејџерот ќе остане во Барселона.
„Секако дека Јамал ќе потпише нов договор со Барселона. Тој е нивен навивач“, рече Мендеш.
Agent Jorge Mendes has confirmed that Lamine Yamal will sign a new deal with #FCBarcelona – ‘Lamine is a Barcelona fan.’pic.twitter.com/LwiqokDLyf
— Football España (@footballespana_) December 16, 2024
Се очекува Јамал да потпише нов шестгодишен договор, а откупната клаузула да му биде една милијарда евра. Јамал веќе има одиграно 73 меча за каталонскиот гигант и постигнал 13 гола.