Аргентинскиот фудбалер Пауло Дибала наскоро се очекува да си замине од Рома и да ја напушти Италија. Неговиот актуелен договор е до крајот на оваа сезона и потоа може да си замине како слободен играч.
Агентот на Дибала, Карлос Новел, веќе работи на тоа кој би бил неговиот следен клуб. Веќе неколку недели се шпекулира дека Аргентинецот може да замине во Фенербахче, но сега доаѓаат сосема поинакви вести од Турција.
🚨 Paulo Dybala’s representative Carlos Novel came to Istanbul to meet with Galatasaray ahead of a potential move.
(Source: @yagosabuncuoglu) pic.twitter.com/MaR5W0e0oB
— Transfer News Live (@DeadlineDayLive) December 17, 2024
Новел е забележан во Истанбул, и тоа на состанок со преставници на Галатасарај, каде што се работи за евентуален трансфер. Дибала сезонава одигра 18 меча за Рома, во кои постигна два гола, а има и една асистенција. На клупско ниво има играно и за Јувентус, Палермо и Институто, каде што ја започна кариерата во Аргентина.
Дибала, кој има 31 година, досега има и 40 настапи за репрезентацијата на Аргентина. Постигнал четири голови.