Роналдо си купи авион од 70 милиони евра

Кристијано Роналдо повторно го привлече вниманието, откако се пофали со нов приватен авион вреден 70 милиони евра. Станува збор за Gulfstream G650, еден од најбрзите и најлуксузни млазни авиони во светот, со досег од 7500 наутички милји.

Авионoт е обвиен во сјајна металик боја, а на каросеријата е истакнато неговото препознатливо лого “CR7”. Во внатрешноста се наоѓаат три одделни кабини со различни простории за престој, кои можат да примат до 19 патници. На средината на авионот е прикажана силуета на Роналдо во неговата карактеристична поза на прослава на гол.

Според „Ал Арабија“, Роналдо претходно беше сопственик на Gulfstream G200, кој го продаде за да ја набави поновата и понапредна верзија.

Португалскиот напаѓач моментално игра за саудискиот Ал-Наср и се наоѓа на врвот на листата на најплатените спортисти за 2024 година според „Форбс“, со заработка од 250 милиони евра годишно. Оваа сезона, Роналдо постигна 16 голови и оствари три асистенции во 19 натпревари за својот тим.

- Оглас -

Најнови вести