Кендрик Нан „збесна“ со седум тројки во една четвртина, порази за Нено Димитријевиќ и за Парис, но без Ти Џеј Шортс

Кошаркарот на Панатинаикос, Кендрик Нан, го имаше најдоброто остварување оваа вечер во Евролигата откако постигна 39 поени во триумфот (103-74) над Армани Милано, тимот на Ненад Димитријевиќ. Нан во првата четвртина погоди дури седум тројки и најави дека италијанскиот тим нема што да бара во Атина.

Ненад Димитријевиќ постигна 15 поени, имаше три скока и една асистенција, но неговиот тим беше убедливо поразен.

Втор последовен пораз доживеа и Парис, тимот на Ти Џеј Шортс, но без македонскиот репрезентативец кој отсустуваше поради болсет. Реал Мадрид потсети дека секогаш е опасен тим доколку неговите кошаркари имаат своја вечер, па славеа против актуелниот лидер на табелата со 85-96.

Маодо Ло со 30 поени беше најефикасен на мечот, но неговиот Парис беше поразен. Кај Кралевите се истакнаа Факундо Кампацо со 19 поени и Марио Хезоња со 17 поени.

Барселона го победи Фенербахче со убедливи 90-63, додека Басконија славеше против Макаби Тел Авив со 85-95. Монако беше подобар од Баерн славејќи со 93-74.

- Оглас -

Најнови вести