Напаѓачот на Тотенхем, Ришарлисон, има можност да се врати во родниот Бразил, бидејќи за него постои интерес од два клуба од Рио де Жанеиро.
Фламенго е подготвен да понуди 20 милиони евра за неговиот трансфер, додека се шпекулира дека интерес покажува и Флуминенсе, клубот каде што Ришарлисон настапуваше на почетокот од својата кариера.
Сепак, договорот засега е далеку од реализација, бидејќи Тотенхем бара двојно повисок износ како отштета, а и самиот играч, наводно, повеќе би сакал да остане во Лондон и да се избори за место во тимот.
Ришарлисон пропушти дури 11 натпревари во Премиер лигата оваа сезона поради повреда на тетивата. Инаку, Тотенхем го ангажираше од Евертон пред две и пол години за огромни 58,5 милиони евра.