Мондо најдобар на светот, Би-би-си го прогласи Дуплантис за спортист на годината

Двократниот олимписки шампион и светски шампион во скок со стап, Швеѓанецот Арманд Дуплантис, беше прогласен за најдобар спортист на годината на церемонијата на доделување на наградите за спортска личност на годината на британскиот јавен радиодифузен сервис Би-би-си.

„Чест ми е што ја освоив наградата. Таа навистина ми значи многу. Жал ми што не можам да дојдам бидејќи моментно сум во САД и се подготвувам за наредната сезона“, рече Дуплантис, кој имаше одлична 2024 година, а најблескавиот момент беше кога постави светски рекорд на олимписките игри во Париз. Подоцна пак урна светски рекорд, по трет пат годинава и сега рекордот е 6.26 метри.

За наградата се натпреваруваа и две Американки, гимнастичарката Симон Бајлс и кошаркарката Кејтлин Кларк, швајцарската тркачка со инвалидски колички Кетрин Дебрунер, холандската атлетичарка Сифан Хасан и францускиот пливач Леон Маршан.

Инаку втора година по ред наградата на Би-Би-Си ја освојува спортист од скандинавските земји. Лани признанието отиде во рацете на норвешкиот фудбалер Ерлинг Халанд.

- Оглас -

Најнови вести