Реал и Арсенал се фаворити на денот

6000 Реал Мадрид – Пачука (18.00 часот)

Европскиот првак е голем фаворит за освојување на титулата во Интерконтиненталниот куп. Мексиканците изненадувачки дојдоа до ова финале, па тешко е да се поверува дека може да приредат чудо. За Реал добра вест е што може да игра Мбапе. Пачука не прими гол во полуфиналето со Ал-Ахли од Египет и четвртфиналето кога блеснаа против Ботафого, но Реал кога игра финалиња, тоа обично е нивна победа, без разлика кој е противник.

Предлог тип: 1 & 23 (2.80)

 

1092 Арсенал – Кристал палас (20.30 часот)

Ова е дуел од четвртфиналето на Лига купот во Англија. Топчиите се фаворити на хартија, но Палас е незгоден тим, во осминафиналето на гости победи против Астон вила. Последен тим кој му дал гол на Арсенал на „Емирејтс“ беше Ливерпул на крајот на октомври, но Палас на гости исто така не знае за пораз уште од октомври. Топчиите викендов киксираа во Премиер лигата, ова им е шанса да се вратат на победничкиот пат. Арсенал даде 9 гола на претходните два меча на својот стадион против Палас.

Предлог тип: 1 & 2-5 (1.74)

 

1701 Монако – ПСЖ (21.00 часот)

ПСЖ нема пораз по 15 кола во француската лига, а ако има некој тим од кој може да загуби, тоа е Монако. Кнезовите имаат седум бод помалку и ова им е шанса да му се приближат на лидерот. Ова е дуел на двата тима со најмалку примени голови, но ПСЖ е и најефикасен тим во француската лига. Во минатата сезона беше 0-0, ПСЖ во 2020 последен пат победи на гости кај Монако.

Предлог тип: Х2 & 1-3 (2.40)

 

1302 Еспањол – Валенсија (21.30 часот)

По поразот од Валјадолид, Валенсија повторно гостува кај тим кој им е ривал во битката за опстанок. Димитриевски пак ќе биде на голот на Лилјаците. Валенсија е последна на табелата, но Еспањол е 18-ти и тим кој има повеќе порази од Валенсија. Последните два нивни меѓусебни дуела во Барселона завршуваа нерешено, но тоа беа дуели во 2022 година, а Еспањол сезонава ретко игра нерешено, само две ремија во 16 кола.

Предлог тип: Х2 & 0-3 (1.74)

 

1301 Вилјареал – Рајо Валјекано (21.30 часот)

Жолтата подморница веќе четири кола не знае за победа, а на гости им доаѓа Рајо, кој викендов одигра одлично против Реал Мадрид. Вилјареал е тим со многу повеќе дадени и примени голови од Рајо. Проблем за домашните се суспензиите на Парехо и Баена. Традицијата на нивните меѓусебни дуели во предградието на Валенсија вели дека цели 22 години не било нерешено, а на последните три пресметки никогаш не било „гол-гол“.

Предлог тип: 1 (1.87)

- Оглас -

Најнови вести