Меѓународниот центар за спортски студии (CIES) состави листа на фудбалери според минутите одиграни терен во 2024 година.
Анализирани се настапите на фудбалерите од 66-те најсилни лиги во светот и на клупски план и во репрезентации до 15-ти декември и се покажало дека на чело е Жил Кунде.
Бекот на Барселона и француската репрезентација одиграл 5.872 минути на 69 натпревари годинава.
Во топ 10 се и Џон Аријас од Флуминенсе (5.599 минути), Федерико Валверде од Реал Мадрид (5.573), Вирџил ван Дајк од Ливерпул (5523), Николас Отаменди од Бенфика (5.449), Гранит Џака од Баер Леверкузен (5.447), Давид Ханцко од Феенорд (5.377), Феликс Едуардо Торес од Коринтијанс (5.369), Џо Родон од Лидс (5.276) и Вилијам Салиба од Арсенал (5.264).