Влаховиќ даде гол и се смири со навивачите на Јувентус

Тензиите, навредите и кавгата на Душан Влаховиќ со навивачите на Јувентус од дуелот со Венеција и по него се заборавени, барем така делуваше синоќа на куп-мечот со Каљари.

Скапо платениот Србин, кој е многу критикуван и Јувентус планира да го продаде во летото 2025, даде гол и прослави како што славеше во минатото, без провокација до фановите. Од друга страна, и ултрасите преку транспарент кој беше истакнат пред стадион му изразија поддршка.

„Многу сум задоволен бидејќи ова е еден од најголемите клубови во Европа со 60 милиони навивачи. Жал ми е за она што се случи во саботата, но мора да продолжиме заедно, обединети“, рече Влаховиќ.

- Оглас -

Најнови вести