Започнато е типувањето за новото 15-то коло на популарната бесплатна Спортска прогноза и имате доволно време да учествувате до сабота попладне, но одговорните луѓе ништо не оставаат за последен момент.
Фокусот е на дерби натпреварите Барселона – Атлетико Мадрид и Тотенхем – Ливерпул, кои се играат викендов во Шпанија и во Англија. Тие се дел од основната 13-ка на Спортската прогноза. Според досегашните типувања, фаворити за прогнозерите се Барселона и Ливерпул.
Прв меч во понудата е Хетафе – Мајорка, кој почнува во 14 часот в сабота, а тука се и дуелите Торино – Болоња, Хофенхајм – Борусија Менхенгладбах, Холштајн Кил – Аугсбург, Брентфорд – Нотингам ф., Вест хем – Брајтон и Барселона – Атл. Мадрид во саботната програма.
За недела остануваат Валенсија – Алавес, Лестер – Вулверхемптон, Венеција – Каљари, Бохум – Хајденхајм, Тотенхем – Ливерпул и Волфсбург – Борусија Дортмунд. Тука се и резервните парови Вердер – Унион Берлин и Осасуна – Атлетик Билбао, кои се сметаат во генералниот пласман, а може да влетаат и во 13-ката ако некој меч е одложен или прекинат.
Прогнозерот кој ќе има 13 погодени натпревари ќе може да си одбере еден од подароците (Смарт ТВ самсунг 55” 4K, Xiaomi електричен тротинет, PlayStation®5). За 12 погодени мечеви следува вредносен ваучер од 1.000 денари во Sport Life, додека 11-ката носи ваучер од 500 денари.