Светското првенство во фудбал во 2034 година ќе се одржи во Саудиска Арабија, а на десет години пред Мундијалот, донесена е одлука за забрана за точење алкохол, во прв ред пиво во фан-зоните.
И претходното СП се одржа во арапска, муслиманска земја, Катар, но Катарците дозволија продажба и точење пиво во фан-зоните, не и на стадион, иако до последен момент размислуваа и за таа опција која ќе ги израдуваше странските навивачи.
Саудијците се поригорозни и поконзервативни од Катарците, таму алкохолот е забранет и нема да има никакви исклучоци, дури ни кога се работи за таков голем спортски настан кој ќе привлече многу странци.
do_widget id=custom_html-5]