Јувентус продава две млади ѕвезди за да го купи Сандро Тонали од Њукасл

Италијанскиот гигант Јувентус планира да го засили средниот ред во зимскиот трансфер-период и има намера да направи понуда за привлекување на фудбалерот на Њукасл, Сандро Тонали, пренесува „Кориере дело спорт“.

Бјанконерите се подготвени да ги продадат Николо Фаџоли и Кенан Јилдиз за да ослободат средства во износ од 55 милиони евра, колку што бара Њукасл за Тонали.


Не е тајна дека Јувентус е подготвен да ги разгледа понудите за своите млади ѕвезди во јануарскиот трансфер-период. Јилдиз би можело да достигне продажна цена од 40 милиони евра, а доколку биде продаден и Фаџоли, тогаш Јувентус нема да има проблем да го купи Тонали.

Јувентус исто така ќе се обиде да донесе нов централен дефанзивец во јануари, а директорите на клубот се насочени кон поранешниот дефанзивец на големиот ривал Интер, Милан Шкрињар, кој сега игра за Пари Сен Жермен.

- Оглас -

Најнови вести