Ќе остане ли Перо Антиќ на претседателската фунција во КФСМ или не. Редовното годишно собрание на КФСМ се претвори во обид да се изгласа негова недоверба, но потоа целата расправа се претвори во расправија, доминираа адвокатските „засилувања“ меѓу двете страни, на актуелното раководство на КФСМ и на иницијаторите за промени.
Клубовите јавно побараа да се стави точка на дневниот ред за гласање негова доверба, но потоа дојде и одговорот од правниот тим на Федерацијата. Адвокатите се главни поентери во кошаркарскиот хаос што настана на Редовното годишно собрание.
Како што велат, разрешување на претседателот е нестатутарно бидејќи нема основа според Статут да се смени избран претседател во неговите први две години од мандатот.
„Сакате Редовното годишно собрание да го претворите во Вонредно собрание. Не може да се дојде на сила и да се каже сакаме да го смениме претседателот. Според Статутот и деловникот за работа донесени од Собранието, ова што го барате е нелегално. Треба да се работи по Статут и деловник, ве молам на писмено доставете што сакате, искоординирајте се и дајте го конкретно”, изјави генералниот секретар на Федерацијата, Влатко Георгиевски.
Иницијаторите беа децидни во ставот.
„Бараме да биде ставена точка за промена на претседателот на КФСМ“.
Сепак, Перо Антиќ, одговори:
„Можете да барате колку сакате, таа точка нема сега да биде ставена на дневен ред“.
Хаосот продолжува…