Чави води преговори за клупата на Милан

Чави Ернандес би можело да се врати во тренерските води порано од очекуваното. Според извори од Каталонија, кои се повикуваат на блиски луѓе од неговото опкружување, Чави моментно е во преговори со Милан.

Тренерот на Милан, Пауло Фонсека, се соочува со голем притисок поради постојаните критики од медиумите и од навивачите. Веќе подолг период се шпекулира за негова смена, а во текот на неделата се појавија неколку можни имиња за негов наследник. Во опција се Манчини, Алегри и Сари, но најновото име е Чави Ернандес.

Шпанецот остана без тренерски ангажман откако летово се раздели со Барселона. Иако најави дека ќе земе пауза до следното лето, евентуалното ослободување на тренерското место во Милан би можело да го натера да се врати порано.

Во својата тренерска кариера, Чави го водеше катарскиот Ал-Сад од 2019 до ноември 2021 година, кога ја прифати понудата на Барселона, која беше невозможно да ја одбие. Со Барселона ги освои Ла Лига и Суперкупот на Шпанија во сезоната 2022/23, но беше отпуштен на крајот на минатата сезона, кога клубот не успеа да освои ниту еден трофеј.

- Оглас -

Најнови вести