Тенисерката која е на 877-мото место на ВТА-листата доби покана за настап на ОП на Австралија

Поранешната најдобра тенисерка во светот, Симона Халеп, доби покана да настапи на гранслем-турнирот во Мелбурн, кој ќе се игра за помалку од еден месец, Отвореното првенство на Австралија. Поканата упатена кон Халеп е вистинско изненадување затоа што таа моментално е на дури 877-мото место на ВТА-листата на тенисерки во светот.

Сепак, фактот дека таа е некогашна број 1 тенисерка во светот беше доволен за да биде дел од квалификациите на Отвореното првенство на Австралија. Турнирот во Мелбурн е закажан да се игра од 12 до 26 јануари.

Хапел во октомври 2022 година беше суспендирана на четири години поради позитивен допинг-тест, а по упатената жалба, казната ѝ беше намалена само на девет месеци затоа што било утврдено дека тенисерката ненамерно консумирала од недозволената супстанца.

Оваа година Халеп играше на два турнира, и тоа на Мастерсот во Мајами и  на турнирот во Хонг Конг, но во двете ситуации испадна уште во првото коло. На гранслемот во Мелбурн, Халеп најголемиот успех го имаше во 2018 година, кога играше во финалето.

 

 

- Оглас -

Најнови вести