Челниците на НБА-лигата открија дека Олстар-мечот кој за два месеца ќе се игра во Сан Франциско, ќе има револуционерни промени. За првпат во историјата на Олстар-викендот, нема да има еден главен меч на којшто ќе има два тима со по 12-мина играчи. Оваа сезона главниот Олстар-настан ќе биде пресметка на четири екипи кои ќе имаат по осуммина играчи.
Во првите три екипи ќе бидат поделени 24-цата кошаркари кои ќе бидат избрани на традиционалниот начин досега што беше. Тие 24-рица кошаркари ќе бидат поделени во три тима, а изборот на играчи ќе го прават „капитените“ на екипите, легендарните Чарлс Барлки, Шекил О’Нил и Кени Смит.
Четвртиот тим ќе биде составен од победничкиот тим на мечот „Ѕвездите во развој“, кој ќе се игра два дена претходно.
Прво ќе бидат одиграни два полуфинални дуела, а победниците ќе играат во финалето. Двете полуфиналиња и финалето ќе се играат по принцип „кој прв ќе постигне 40 или повеќе поени“.
Гласањето за избор на кошаркари кои ќе бидат дел од Олстар-мечот ќе започне на 19 јануари.