Буквално ја зари копачката во лицето на Донарума, а не доби ниту жолт картон (Видео)

Италијанскиот голман во дресот на Пари Сен Жермен Џанлуиџи Донарума одигра помалку од 20 минути на гостувањето кај Монако, а потоа беше принуден да го напушти теренот поради повреда.

По еден напад на Монако, дефанзивецот Вилфред Синго во обид да го загрози голот на ПСЖ, буквално го загрози Донарума. Синго не успеа да постигне гол, но со една од копачките се зари директно во лицето на голманот на ПСЖ.

Донарума остана да лежи на тревата и мораше да биде заменет, а Синго кој е виновниот за оваа тешка повреда, не доби ниту жолт картон.

- Оглас -

Најнови вести