ПСЖ водеше, па губеше и на крајот се радуваше во дербито против Монако

Пари Сен Жермен продолжува со одличните игри во француското првенство откако со 4:2 победи на гостувањето кај Монако, во дербито од 16 коло. По овој триумф, ПСЖ стигна до 40 бодови, додека Монако остана на 30 бодови и е на третото место на табелата.

Светците водеа на полувремето, а во вториот дел се случи вистинска драма. Најпрво следуваа два погодоци на Монако со кои домаќинот направи пресврт и стигна до водство од 2:1 во 60 минута.

Сепак, оваа радост на Монако траеше кратко, затоа што Дембеле погоди за 2:2 во 64 минута. Потоа, во 83 минута беше изведен корнер за ПСЖ, а Рамос кој во игра влезе само три минути претходно, со глава погоди за 3:2. Во последните моменти од мечот повторно Дембеле беше прецизен за 4:2.

Овој меч ќе се памти и по страшната повреда која ја заработи голманот на ПСЖ, Донарума. 

- Оглас -

Најнови вести