Валенсија одигра 1:1 на гостувањето кај Еспањол во одложен меч од 13. коло на шпанската Примера дивисион. Втор меч по ред на голот на Валенсија е Столе Димитриевски.
Македонскиот репрезентативец го презема местото на повредениот Мамардашвили и сега се израдува на првиот освоен бод во првенството како чувар на мрежата на Валенсија.
Еспањол прв даде гол и тоа пред крајот на првото полувреме кога Пуадо го матираше Димитриевски. Валенсија веднаш возврати, кога на почетокот на вториот дел, во 47 минута Лопез израмни на 1:1.
По ова реми Валенсија останува на дното на табелата со само 11 бодови од 16 средби, додека Еспањол е со 15 бодови и е на 18 место, кое истотака е во опасната зона за испаѓање.